Гваидо за малку ќе бил растргнат од бесната маса: Му викале “ја продаде земјата” па го полеале со вода

172

Лидерот на опозицијата и самопрогласен претседател на Венецуела, Хуан Гваидо се вратил во земјата по меѓународната турнеја, а иако во Вашингтон ги собрал овациите како гостин на Доналд Трамп, на аеродромот во Каракас го дочекала бесната маса.

“Убиецу, ја продаде земјата”, му викале насобраните граѓани.

На аеродромот “Симон Боливар” проблемите почнале веќе при минувањето низ контролните пунктови.

Зборувајќи со работник на шалтерот, една жена на Гваидо му порачала дека ја предал земјата. Таа носела црвена маица, каква што обично носат приврзаниците на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

По кратката расправија, го полеала Гваидо со вода.

Иако самопрогласениот претседател го дочекале и приврзаници, посебен дочек му приредиле околу 200 демонстранти. Тогаш се судриле двете групи, а Гваидо успеал да се провлече низ масата и да дојде до своето возило.

Демонстрантите мавале по автомобилот и го гаѓале со бројни предмети.

Потсетуваме, Хуан Гваидо со поддршка на САД се самопрогласил за претседател на Венецуела во јануари 2019-та година.