Инцидент во Виена: Велосипедист го нападнал Јоханес Хан и му рекол – ќе добиеш шлаканица!

129

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан имаше непријатно искуство во Виена откако на него најпрвин налета забрзан велосипедист, а потоа му се закани и дека ќе му удри шлаканица.

Како што пренесуваат австриските медиуми, велосипедистот му се заканил на Хан дека ќе му удри шлаканица после кавгата до која што дошло додека европскиот комесар со партнерката Сузана Рис Пасер шетал низ центарот на Виена.

Инцидентот се случил покрај катедралата Штефансдом кога велосипедист влета со голема брзина во група пешаци, меѓу кои бил Хан со својата партнерка.

Хан открил дека велосипедистот возел со брзина од најмалку 50 километри на час, а откако велосипедистот го турнал, Хан му рекол дека не може да вози така велосипед на такво место. Ситуацијата тогаш ескалирала, а велосипедистот се вратил и му се заканил на Хан со зборовите: „Ќе добиеш шлаканица, веднаш“.

Сведоци откриле дека Јоханес Хан и велосипедистот размениле навреди, а во сето тоа се вклучила и партнерката на европскиот комесар. Хан открил дека од нападот на велосипедистот се одбранил со рака за да се заштити. Според него, велосипедистот дивеел, а неговата партнерка се вклучила во сето тоа само за да го повика да си заминат.

Сузана Рис, која инаку е шефица на австриското осигурување „Вистенрот“, изјави дека сето тоа не траело ниту две минути и смета дека инцидентот стигнал до медиумите само за да му нанесе штета на Хан и неговата шанса да добие уште еден мандат како европски комесар.

loading...