Слушнете убаво – вака звучи кашлањето на луѓето заразени со коронавирус

1030

Британски „Radio 2“, споделил аудиозапис во кој може да се слушне како всушност звучи сува кашлица која што се поврзува со коронавирусот, пренесуваат од „Mirror“.

Коронавирусот има два клучни симптоми – кашлање и температура, но поради тоа што се појави во сезона на зимските грипови тешко може да се забележи дали сте заразени со Ковид-19.

Британски „Radio 2“, споделил аудиозапис на кој може да се слушне како звучи сува кашлица која што е резултат на Ковид-19.

„Вработена во Би-би-си, забележала навистина корисен опис на двата главни симптоми на коронавирусот“ – изјавил радискиот водител Џереми Вајн пред да ја пушти снимката во етер на која што може да се слушне сувата кашлица.

Лаура Фостер тогаш објаснила за каква кашлица станува збор.

„Кога кашлате, а не искашлувате никаква слуз, станува збор за сува кашлица. Тоа е во случај доколку сте заболени од коронавирус, а не доколку кашлате одвреме-навреме, туку зборуваме за константна кашлица за која нема никаква друга причина доколку сте непушач и доколку го прочистувате вашето грло“ – рекла таа.