Европското првенство во ракомет започнува на денеска. Континенталниот собир ќе стартува со мечот Белорусија – Србија.
ЕП 2020 ќе се игра во три земји, Австрија, Шведска и Норвешка.
Македонија својот прв меч го игра на 10-ти јануари со почеток во 20:30 часот против Украина. Во Групата Б се наоѓаат уште Австрија и фаворитот Чешка.
Ова е распоредот на натпреварите на Македонија:
10.01.2020 МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА (почеток 20:30 часот)
12.01.2020 ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА (почеток 16:00 часот)
14.01.2020 АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА (почеток 18:15 часот)
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот на ракометари за претстојното првенство.
Покрај Велко Маркоски кој отпадна поради повреда, отпадна и младиот Ненад Костески. Од осумнаесетте повикани, двајца ќе отпаднат.














![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)


















