Почина актерот кој го сакаа милиони, „Црниот Пантер“ на 43-годишна возраст ја изгуби борбата со канцерот

607

Американскиот актер Чедвик Боузман, е најпознат по улогата на Црн Пантер во истоимениот филм на Марвел, а почина вчера од рак на дебелото црево на 43-годишна возраст.

Бозман последните 4 години од битката со опасната болест ги поминал фокусирајќи се само на тоа.

„Со бескрајна тага потврдуваме дека Чедвик Боузман почина. Почина во својот дом, во присуство на својата сопруга и опкружен со семејството“ – гласи во соопштението на официјалниот Твитер профил на Боузман.

Многу јавни личности упатија сочувство до неговото семејство, а меѓу нив и кандидатот за претседател на САД – Џо Бајден.