По драматичниот крај долго седеше во својот болид и гледаше во една точка – еве што прво му кажаа од Мерцедес на Хамилтон

487

Луис Хамилтон на сензационален начин остана без својата титула, така што Ферстапен го претекна во последниот круг и стана шампион на светот.

Британецот постојано ја контролираше својата борба за прво место и на околу 5.000 метри до крајот на трката и сезоната сепак не можеше да се одбрани со истрошените гуми од својот болид.

По низата скандалозни одлуки на директорот на трката на Формула 1, Мајкл Маси, Хамилтон долго седеше во својот болид и гледаше во една точка:

„Без зборови сум Луис. Апсолутно останав без текст“, му рекоа од тимот на Мерцедес.

Кога собра сили да излезе од својот болид, Хамилтон даде изјава по овациите од публиката во Абу Даби:

„Пред сè, му честитам на Маск и неговиот тим. Мислам дека направивме неверојатна работа оваа година. Сите работеа напорно. Благодарен сум што бев дел од ова патување со него. Дадовме сè што можевме, сè до крај“, изјави Британецот.

Кога беше прашан за крајот од трката, Хамилтон не сакаше да прави скандал, туку им посака сите да останат здрави и во периодот на пандемијата да се пазат.