Пилот снимил пресметка над Црното море: Американскиот Посејдон одел кон руската граница, а вака Сухојот го истерал

281

Ловецот “Su-27” на дежурните воздухопловни сили на Јужниот воен округ на Русија бил кренат во воздух за да го пресретне американскиот извиднички авион “P-8A Poseidon”, кој летал над неутралните води на Црното море и се доближувал до границата со Русија.

“За пресретнување кренат бил ловецот “Su-27″ од составот на дежурните сили на противвоздушната одбрана на Јужниот воен округ”, се наведува во соопштението на Министерството.

Екипажот на рускиот авион се “приближил на безбедна далечина и воздушниот објект го идентификувал како американски извиднички авион “P-8A Poseidon”, кој веднаш ја сменил насоката на летање од државната граница на Русија”.

Како што се наведува, “Su-27” ги почитувал меѓународните правила за користење на воздушниот простор и, по завршувањето на задачата, се вратил во базниот аеродром.

Според наводите на порталот “Plane Radar”, американскиот авион полетал од воздухопловната база во Италија вечерта на 3-ти јули, по што извидувал на рускиот брег на Црното море.

Авионот “P-8A Poseidon” е патролен авион предвиден за откривање и уништување на непријателски подморници, учество во противподморнички операции и операции за спасување.