Пет скопски општини со над 1000 случаи на коронавирус, еве каква е состојбата во останатите

67

Од почеток на епидемијата со коронавирусот во Скопје се регистрирани вкупно 20.253 случаи.

Според информациите од Министерството за здравство во моментов активни случаи има 8254.

Последните податоци, објавени вчера, покажуваат дека во пет скопски општини бројот на активни случаи е над 1.000.

Во Гази Баба – 1151,  Аеродром -1256, Карпош – 1070, Центар – 1028, Кисела Вода – 1021.

Чаир – 500, Ѓорче Петров – 680, Бутел – 430, Шуто Оризари – 144, Студеничани – 41, Сарај – 108, Арачиново -26, Илинден – 199, Сопиште – 59, Чучер Сандево – 83, Петровец –82, Зелениково -54, Странец – 149, Нераспределен- 173.