Бокс корнер со Димитар Младеновски-Тајсон Фјури го сруши “бронзениот бомбардер” (ВИДЕО)

721

Рано сабајлево бевме сведоци на една од најочекуваните борби до сега. Тајсон Фјури и Дијонтеј Вајлдер по втор пат ги вкрстија ракавиците. Крајниот резултат – Тајсон Фјури останува непоразен нанесувајќи му го првиот пораз во кариерата на “бронзениот бомбардер”. На изненадување на многумина “the Gipsy King” доминираше во текот на целата борба, што го натера тренерскиот тим на Вајлдер да ја прекине оваа епска пресметка во 7-та рунда. Во наредниве денови ке следува подетална анализа. До тогаш уживајте во најубавите моменти од оваа класика.

Димитар Младеновски