Пентагон бара од Турција „безусловно“ да се откаже од набавката на рускиот противавионски систем Ѕ-400, официјално е соопштено од американската воена линија.
„Сè додека Турција безусловно не ја прекине набавката на рускиот PVO систем, сите испораки поврзани со програмата F-35 во Турција ќе бидат суспендирани“, се истакнува во соопштението.
Пентагон исто така наведува и дека ќе бидат преземени сите мерки за ланецот на снабдување на неопходните компоненти за монтажа на авионите F35, пред сè оние кои се произведуваат во Турција, не запре и затоа тие делови ќе ги набават „од други извори“.

Американското министерство за одбрана исто така наведува и дека дијалогот со Турција по ова прашање ќе продолжи.
„САД беа повеќе од јасни дека купувањето на Ѕ-400 системите е неприфатлива. Додека тие не се откажат од испораката на Ѕ-400, САД ги запира испораките и активностите поврзани со воспоставување на оперативниот капацитет на турскиот F-35. Ако Турција набави Ѕ-400, нивното континуирано учество во програмата F-35 е во опасност“, изјавил портпаролот на Пентагон, Чарлд Самерс Џуниор.
САД и другите сојузници на НАТО, повеќепати се жалеа на купувањето на рускиот систем за одбрана, велејќи дека тој не е компатибилен со другите сојузнички системи и би претставувал закана за F-35.

Самерс рекол дека иако Вашингтон продолжува да разговара со Турција по тоа прашање, Пентагон почнале да преговараат за неопходните чекори да пронајдат други извори за набавка на делови за F-35, кои ги произведуаваат Турците.
Според неговите зборови, преземени се чекори за да се заштити ланецот за набавка и заедничка инвестиција во технологијата на авионите.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

