УЕФА денеска ќе донесе историска одлука за европскиот фудбал – ова се трите можни сценарија

202

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) закажа видеоконференција за 13 часот со 55 претставници на национални сојузи со цел да го реши прашањето за прекинатата сезона поради коронавирусот.

Иако имаше разни предлози, трите главни се искристализирани – првиот предлог е сезоната да заврши со позициите кои клубовите ги заземаа во моментот на прекинување на националното првенство, вториот е сезоната да продолжи кога ќе заврши пандемијата на коронавирус (па дури и доколку се поклопи со почетокот на наредната сезона) и третиот, моментално и најреален, е оваа сезона целосно да се отпише, исто како да не се случила.

Кога станува збор за Лигата на шампионите и Лига Европа, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го застапува ставот дека нокаут-фазата од четвртфиналето би можела да се игра на еден натпревар или на неутрален терен, или со жрепка да се одлучи кој е домаќин.

УЕФА има уште еден предлог – Лигата на шампиони од четвртфиналето да се одржи во Истанбул, а Лига Европа во Гдањск, градовите кои се домаќини на финалето на овие натпревари.

Кога станува збор за Европското првенство 2020 година, поголемиот дел навиваат тоа да се откаже или помести, а УЕФА инсистира на поделба на трошоците.

Тоа, секако, на никој не му се допаѓа бидејќи трошоците за одложување се движат помеѓу 200 и 300 милиони евра. Исто така, освен учесниците на првенството, трошоците би ги делеле и 12-те репрезентации кои играат во баражот. Затоа многу сојузи инсистираат првенството да се одржи во некој друг термин, или кон крајот на оваа година или 2021 година.

Секако, јасно е дека е потполно невозможно да се донесе одлука која ќе ги задоволи сите страни.