Предупредување на научниците: Роботите ќе убиваат луѓе бидејќи не го разбираат хуморот! Вештачката интелигенција никогаш нема да го сфати човечкиот јазик

713

Напредокот на роботите со цел да го олеснат и подобрат животот на 21-от век, е извонреден во последните 10 години, но концептот на разговр и комуникација особено ги вознемири научниците.

Меѓутоа, сега се појави теоријата дека учењето на вештачката интелигенција на сложеноста на човечкиот јазик би можело да биде опасно.

Кики Хемпелман, компјутерскиот лингвист кој го изучува хуморот, тврди дека роботите би можеле да почнат да ги убиваат луѓето, бидејќи „сметаат дека тоа е смешно“, доколку работите тргнат наопаку.

„Вештачката интелигенција никогаш нема да ги разбира шегите како луѓето. Тие немаат потреба за хумор и целосно ја промашуваат поентата -контексот“, рекол тој и додал:

„Учењето на вештачката интелигенција на хумор би можело да биде опасно, бидејќи може да го препознае хуморот таму каде што го нема, и обратно, да го употребат таму каде што не е соодветно. Би можеле дури да почнат да ги убиваат луѓето, користејќи го тоа како нешто смешно.“

Сепак, д-р Тристан Милер, компјутерскиот научник и лингвист на Технолошкиот факултет во Германија има попозитивен став.

„Границите на вештачката интелигенција се речиси неограничени, со оглед на тоа дека технологијата би можела да биде толку напредна што роботите можат да научат да го препознаат сарказмот, па дури и различни јазици“, рекол тој.

Меѓутоа, тој признава дека науката е уште далеку од тоа и дека роботите го немаат „вистинското познавање за реалниот свет“, за да можат да комуницираат и користат шеги.

„Креативниот јазик, а особено хуморот е една од најтешките работи за прифаќање и разбирање на вештачката интелигенција“, рекол тој.