Патниците гледале како гори моторот на авионот, а врз куќите паѓал челичен дожд: Хорор над Денвер ( видео )

77

Веднаш по полетувањето од аеродромот во Денвер, авионот Боинг 777, на Јунајтед ерлајнс, заврши со запален мотор и итно се врати на пистата од која полета.

За среќа, освен драматичните слики и големата штета, никој не беше повреден во овој инцидент.

Пожарот изгледаше страшно, бидејќи од кабината на авионот, патниците можеа да го видат целосно уништениот мотор во пламен, кој сè уште продолжуваше да работи и го вртеше пропелерот.

Пожарот на моторот избувна кратко по полетувањето на летот за Хонолулу, а авионот за среќа имаше доволно време да стигне до земјата.

Во авионот имало 231 патник и 10 члена на екипажот.

Добро поминаа и луѓето на земјате, бидејќи запаленоте делови на моторот паѓаа од небото, како челичен дожд, а патниците беа вознемирени од заглушувачки звук. Голем дел од тие делови заврши на еден имот во близината на аеродромот.

Засега нема извештаи за можни повредени во градот.

Според очевидци, на небото се слушнала експлозија и имало чад.