Тимот на Партизан извојува голема победа на гостувањето во Шпанија против (големиот фаворит) Реал Мадрид со 89:87. Така поведоа со 1:0 во меѓусебната серија. Во првиот натпревар од четвртфиналниата пресметка меѓу овие два тима “црно/белите” покажаа дека не постои тим сезонава против кого тие може да се сметаат за “аутсајдери”.
Мечот беше крајно неизвесен а обете страни имаа свои моменти. На почетокот од последната четвртина, “кралскиот клуб” влезе со 7 поени предност (77:70) но, фуриозната игра на гостите ги врати во игра. Тренерот Жељко Обрадович како безброј пати претходно постави игра која стана нерешлива енигма за противничката одбрана. Победникот беше решен во последните секунди кога одговорноста ја превзеде Кевин Пантер кој погоди тројка (на 0.4 секунди до крајот) и му донесе огромна радост на тимот од Белград.
Херојот на мечот, Пантер беше прв стрелец на тимот со 26 поени а одлична игра пружија Зек Лидеј со 13 поени а по 11 поени постигнаа Матијас Лесорт, Ален Смајлаѓич и Данте Егзум. Следниот дуел се игра за 48 часа, повторно во шпанската престолнина.
Димитар Младеновски








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)





![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)



