Локалното население во Франкфурт било предупредено да остане во своите домови и да ги држи вратите и прозорите затворени, по информацијата дека протекла хловодородна киселина во градската индустриска зона.
Пожарникарите успеале да го сопрат течењето и ситуацијата сега е стабилна.
Инцидентот се случил во зоната Грисхајм во вторникот наутро, велат пожарникарите.
#Nied #Griesheim #StörfallFrankfurt pic.twitter.com/uor4hIipiZ
— Heinz Schenk (@bumbesje) November 13, 2018
“Вратите и прозорите треба да бидат затворени”, се наведува во предупредувањето од пожарникарите.
Специјалците не нашле опасни елементи во околината, рекла полицијата, додавајќи дека предупредувањето било набрзо укинато.
Во текот на полицискиот час луѓето почнале да споделуваат видео-снимки од празните улици во своето соседство.
Хлороводородната киселина е силна корозивна супстанца која се користи како лабораториски реагенс. Краткорочно вдишување може да предизвика иритација на носот, очите и иритација на дишните патишта.