Фејсбук ви дава 10 минути да ја избришете испратената порака

358

Опцијата на Фејсбук за поништување на испратената порака, која претходно беше резервирана само за бета корисници, наскоро ќе стане достапна за сите.

Имено, новата опција ќе им овозможува на корисниците да ја избришат испратената порака во рок од 10 минути. Бројни портали дошле до информација дека овој додаток наскоро ќе се појави во “release notes” за верзијата 191.0 Messenger за iOS.

Во април оваа година се појави информација дека Фејсбук потајно ги бришел пораките испратени од страна на извршниот директор на компанијата, Марк Закерберг. Социјалната мрежа тогаш наведе дека презела мерки на корпоративна безбедност во екот на хакерскиот напад на “Sony Pictures” во 2014 година.

Покрај скандалот со преземање на податоци од корисниците од страна на компанијата Кембриџ Аналитика, откривањето на овој скандал дополнително ја раздрма компанијата Фејсбук.

Како резултат на тоа, челниците ветија дека ваквата опција ќе стане достапна за сите корисници.

Наспроти тоа што тврделе дека преземените чекори се во рамки на законските мерки на компанијата, Фејсбук сепак вети дека ќе престане со бришењето на пораките на Закерберг како и пораките на неговите соработници, се додека официјално не се појави ваквата функција.