Човекот е Сплитски Бетмен: Основана е група за поддршка на Филип Завадлав, му направи услуга на Сплит, колку што полицијата не направила за 30 години

482

Покрената е Фејсбук група “Правда за Филип”, а како мотив се наведува:

-Групата е направена со намера да се поддржи Филип, кој на ден 11.01.2020 направи поголема услуга на Сплит отколку што полицијата направи за 30 години.

Креаторот на групата го објави и ова:

Херој, а не криминалец, собираме што повеќе луѓе за да дадат подршка на Филип и по потреба на крај да организираме протест, за градот Сплит да сфати дека системот е одамна не функционира и дека градот го водат крадци и криминалци. Благодариме на сите!!!

Сплитската полиција синоќа го приведе Филип Завадлав, млад сплитски морнар, за троструко убиство, кое се случи на повеќе локации во Сплит и во самиот центар на градот.Со рафали од автоматска пушка покосени се Марин Бобан и Марино Панич, а на патот до болницата починал од повредите и Јурица Торлак.

Убиствата се поврзани со нарко банда, а Завадлав се одлучил на таков чекор откако неговата фамилија со месеци трпела закани, бидејќи неговиот брат се нашол во долг поради дрога. Тој решил да го одбрани својот брат од нарко бандата и да ја земе правдата во свои раце.

Тој во Хрватска сега е херој на нацијата, дури го нарекуваат и Сплитски Бетмен.