Во Бразил 1.349 починати од Ковид-19 во еден ден

117

Најголемата земја во Латинска Америка бележи рекорден број на смртни случаи од новиот коронавирус веќе втор ден по ред, соопшти тамошното Министерството за здравство.

За само еден ден, потврдени се 1.349 смртни случаи, вкупно 32.548, додека регистрирани се и 28.633 нови случаи на инфекција, вкупно 584.016, пренесува „Ројтерс“.

Латинска Америка во целост е жариште на Ковид-19, а покрај Бразил, најпогодени се Перу, Еквадор, Чиле и Панама.