Пак таа Ванда: Икарди одби понуди какви што никој друг не би одбил

680

Контроверзната Ванда Нара, сопругата и агент на Мауро Икарди откри дека фудбалерот одбил понуди на кој никој друг не би можел да одолее, целта е да остане во Интер.

Како што е познато, на Икарди му беше јасно соопштено дека новиот тренер Антонио Конте не смета на него, додека оваа сезона деветката место Икарди ќе ја носи засилувањето на „нероаѕурите“ Ромелу Лукаку.

Икарди и покрај се, сепак не сака да ја промени средината и сака да остане во Интер.

„Икарди имаше понуди кои никој во светот не би ги одбил, но тој им рече не, само за да остане во Интер. Сите го знаат неговиот избор уште од стартот на летото и во тоа се уверија сите клубови кои пројавија интерес. Според мене, на крајот на денот тој ќе остане во Интер. Тоа е негова одлука и може да има илијадници понуди.Тој не верува дека е завршено со Интер. Не знам што може да се случи, но ги знам неговите зборови уште од почетокот на преодниот рок и досега ништо не се променило“, истакна Ванда.