Итан Сапли повеќе нема ниту грам вишок масти на своето тело, а може да се каже дека изобилува со мускулна маса.
Познатиот актер Итан го запознавме преку серијата „My Name Is Earl“ и филмот „Remember the Titans“, а мора да се согласиме дека синонимот за него беше – шармантното дебело момче.
Сепак Итан не бил задоволен од својот изглед, а откако почнал да се загрижува за своето здравје, одлучил да почне да тренира и да се храни здраво за да го намали вишокот килограми.
Во тоа успеал, па ослабнал неверојатни 95 килограми, а диетите биле од клучно значење.
Денес ретко кој може да се сети како актерот изгледаше претходно, а дамите ширум светот се воодушевени од неговата трансформација.
Итан секојдневно тренира во теретана и краде погледи со фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.
„Мислам дека првпат бев на диета кога имав само пет години. Тогаш отидов кај баба ми и дедо ми во Вермонт и тие беа шокирани кога видоа во каква состојба сум јас“, раскажал актерот.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















