Еднаш супермодел, засекогаш супермодел! Годините поминуваат, а минаа речиси 33 години откако Наоми Кемпбел зачекори во светот на манекенството, но таа не се менува.
Во некој момент времето за оваа жена застана и денес плени со истата сила, харизма и сексапил, а кога ќе се појави на пистата се знае дека никој нема да ѝ се приближи.

Токму тоа се случи на езерото Комо во пресрет на Алта Мода, спектаклот на познатите дизајнери Долче и Габана, Наоми беше неприкосновена кралица, дури и во конкуренција со имињата толку моќни како Ева Херцигова, Хелена Кристенсен, Маја Маск, Кити Спенсер, Ешли Грахам.
“Црната пантерка” ја претстави најубавата и најлуксузната креација на познатиот бренд, шетајќи во бајковита, екстравагантна тоалета полна со бои, цвеќиња, перја, циркони и блескави детали.
Со појавувањето на манекенката во оваа декадна тоалеа ја проследи и моќна музика која во целост одговараше на раскошната атмосфера и осигура сите погледи да бидат вперени во неа.







![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















