Оскаровката Кејт Винслет (44) и Сирша Ронан (26), заедно глумеа во новиот филм „Ammonite“ кој што наскоро ќе биде прикажан и во кината ширум светот.
Тоа што кај овој филм е интересно се експлицитните сцени, чии главни актери се горенаведените колешки.
Кејт и Сирша снимиле секс сцена за која што светските медиуми пишуваат последниве денови.
Кејт во интервју за „The Hollywood Reporter“ открила како всушност таа сцена ѝ била една од најексплицитните која што ја снимила во животот.
„Горда сум што го покажав своето тело во 40-те години. Тоа не е тело какво што имав некогаш“ – изјавила таа.
Таа исто така признала дека режисерот на филмот, Францис Ли, бил нервозен поради нивното снимање, па Кејт одлучила да преземе контрола:
„Чувството сигурно не беше како кога јадеш сендвичи. Сирша и јас сами ја смисливме сцената. Се договоривме како ќе почнеме, како ќе се бакнуваме, што ќе правиме со градите, во кои пози ќе го правиме тоа. Го означивме ритамот на секоја сцена“ – открила таа.