Оваа патничка со еден потег успеала да ги налути сите останати патници во авионот

857

Патникот кој ја споделил оваа фотографија кажал дека жената била многу непристојна.

На социјалните мрежи се појави фотографија од една патничка во авион која со својата постапка успеала да ги налути не само оние кои седеле позади неа туку и другите луѓе кои воопшто не биле на тој лет.

Како што се гледа на фотографијата, непознатата жена решила баш да се опушти во текот на летот, па својата долга коса ја префрлила преку своето сдиште, покривајќи го ТВ екранот на личноста која седела позади неа.

Освен тоа ги ставила слушалките на себе и целосно се препуштила на одморање.

Фотографијата од жената ја споделил Австралијанецот Дејвид и напишал дека жената е многу непристојна.

„Каде се ножиците кога ви се најпотребни“ – напишал во описот.

Додека се ределе коментари од бесните патници кои истакнале дека ова однесување не е фер, имало и онакви кои ја бранеле патничката, велејќи дека личноста која седела позади жената читала книга па така не ѝ бил потребен екранот од ТВ.