Поп ѕвездата пронајдена мртва во Дунав: Побегнала од комунизмот, била бегалка во Југославија и соработувала со Бреговиќ

854

Романско-канадската пејачка Анка Поп е пронајдена мртва откако нејзиниот автомобил мистериозно завршил во Дунав.

Службениците на итната помош го идентификувале нејзиното тело откако нуркачите го пронашле нејзиниот автомобил доцна во понеделникот на југозападот на Романија.

Полицијата во вторникот рекла дека ја истражува нејзината смрт, пишува “Fox News”.

Нејзината сестра се јавила во полиција откако таа не се појавила во семејниот дом во неделата навечер. Како што пишува сајтот “New Website Al”, Анка се удавила на неколку километри од нејзиниот семеен дом, на вијадуктот кај Свинита, откако нејзиниот автомобил завршил во река.

Пејачката е родена на 22-ри октомври 1984-та година. Анка побегнала во 1987-ма година од комунистичка Романија со своето семејство, го преминала Дунав во тогашна Југославија каде била бегалка. Неколку месеци подоцна, емигрирале во Канада.

По падот на комунизмот, се вратила во Романија во 1993-та година. Оваа година го привлекла вниманието на јавноста кога открила дека е во истополна врска, во општество кое знае да биде нетолерантно кон хомосексуалноста.

Нејзиниот стил бил своевидна фузија на балкански звуци и мејнстрим поп.

Соработувала и со фронтменот на Бијело Дугме, Горан Бреговиќ на неговиот албум “Champagne for Gypsies”, но и на некои други проекти.

Во јули 2017-та го објавила големиот хит со Горан Бреговиќ, обработката на славната “Ѓурѓевдан” со име “Ederlezi”.