Девојка од Бразил се надева дека ќе заработи милион долари од продажбата на својата невиност на Интернет и покрај тоа што е многу срамежлива и никогаш не била на љубовен состанок со момче.
Данијел Брин има 22 години и сака да преземе екстремни мерки за да ги реши своите финансиски проблеми, да купи куќа во која би живеела со својата мајка и сестра и да го исплати студентскиот кредит. Таа на овој потег се одлучи откако читала за други девојки кои исто така ја продале својата невиност.
И покрај тоа што е уверена дека ја донела вистинската одлука, признала дека е малку нервозна. Своето лице на фотографиите на сака да го открие со цел да го заштити своето семејство.
“Се плашам како ќе се одвиваат работите, сепак тоа ќе ми биде прв пат. Никогаш не сум била на љубовен состанок и многу ми е срам. Се надевам дека победникот ќе биде љубезен човек, џентлмен”, вели таа.
Студентката открила дека главната причина за оваа одлука е финансиска.
“Студирам и работам со скратено работно време. Тоа што го заработувам не е доволно за да покријам трошоци, животот во мојата земја е скап, а долговите само растат”, вели таа.
Покрај тоа вели дека сака да вложи во себе и да изгради безбедна иднина. Нејзина желба е да основа сопствен бизнис и да биде осигурана.
Откако ја објави понудата на Интернет досега добила само две сериозни понуди. Највисоката изнесува 220.000 долари.
Сепак, како што истакна се надева дека цифрата ќе достигне до 750.000 долари и дека нема да се согласи на пониска сума.
“На денот на состанокот со мене ќе дојде и телохранител. Безбедноста ми е многу важна и ќе направам сè за да се чувствувам така”, истакна таа и вели дека нејзиното семејство не знае за оваа акција, додека пријателите ја поддржуваат.
“Не ме интересира што мислат другите за тоа, ме интересира само реакцијата на моето семејство. Злобните коментари нема да ме ослободат од долговите”, заклучи девојката.