Ова се правилата кои мора да ги знаете пред да почнете да гледате СП

724

Фудбалската треска за Светското првенство во Русија започна. Од денеска стартуваат борбите во групната фаза. вкупно 32 селекции распределени во 8 групи ќе се борат за остварување на сонот, а тоа е освојуање на најзначајниот трофеј, популарната „Богиња“.

Групната фаза ќе ја поминат првопласираните две селекции од сите осу групи и тие ќе продолжат во нокаут фазата. Еве кои се критериумите и правилата за тоа како се обределува кои две селекции ќе завршат на првите две позиции во групата.

1. вкупниот број на бодови во групната фаза
2. разликата во дадени и примени голови во сите натпревари во групата
3. бројот на постигнати голови во натпреварите во групната фаза
Доколку два или повеќе тимови се изедначени по овие три критериуми тогаш рангирањето се определува по следниот редослед:
4. број на освоени поени помеѓу тимовите за кои станува збор
5. гол-разлика во групната фаза меѓу тимовите за кои се работи
6. бројот на постигнати голови во натпреварите во групната фаза меѓу тимовите за кои станува збор
7. фер-плеј поени
8. ждрепка

Во нокаут фазата, правилата се едноставни. Доколку мечот заврши нерешено, се играат продолжувања од два пати по 15 минути. Ако и по овие дополнителни 30 минути нема победник, ќе се изведуваат пенали.