Ова место изгледа како рај, но таму се случувале најмрачните работи: Педофилскиот остров на милијардерот го згрози целиот свет!

746

Сега кога американскиот милијардер Џефри Епстајн повторно се појави во јавноста поради обвиненијата дека со години злоставувал малолетнички, многумина се прашувале што се случува со неговиот остров кој го купил пред повеќе од 20 години.

Иако „Литл Сент Џејмс“ на Карибите личи на рајско место, таму се случувале многу морничави работи.

Островот се протега на 28 хектари, а наводно го посетувале многумина од светската елита. Таму редовно се носеле и малолетни девојки поради сексуални игри.

Овој остров го нарекуваат и “педофилски остров“ и “островот на гревовите“. Него може да му се пристапи само со брод или хеликоптер.

Во оазата на која владеел голем степен на безбедност, се наоѓа вила како и една чудна градба со бела и сина боја. Градбата имала и златна купола, но ветерот ја однел. Потсетува на храм, а балконот го красат мотиви на лавиринт.

Некои се сомневаат дека токму во тој објект се одржувале оргии со малолетнички, други тврдат дека станува збор за музичка, акустична изолирана соба во која сопственикот свирел клавир. Трети велат дека можно е таму да се крие вратата на некој подземен комплекс и дека има некој дополнителен влез.

Епстајн островот го исчистил од ориентална вегетација и денес го красат само палми.

Наводно Епстајн изградил и библиотека и кино. На островот работеле десеттина луѓе вклучувајќи го и обезбедувањето. Островот би можел да се изнајми за околу 6.000 долари од ноќ.

Многумина кои работеле на него во изградбата на објектот велат дека морале да потпишат договот за молчење.

Милијардерот и регистриран сексуален напаѓач, Џефри Епстајн (66) се изјаснил пред судот дека не е виновен за обвиненијата во врска со трговија на луѓе поради давање секслуални услуги.

Епстејн веќе е обвинет поради малолетничко злоставување, а со судот направил и договор за признавање на вината и наместо пресудената доживотна казна затвор, казнет е со 13 месеци затвор и да им исплати пари на неговите жртви како и да влезе во регистарот за сексуални напаѓачи.

Некои жртви на овој милијардер биле помлади и од 14 години, а недозволените сексуални напади се случувале во неговиот дом во Њујорк и Флорида. Епстејн бил пријател со поранешниот американски претседател Бил Клинтон, британскиот принц Ендрју и американскиот претседател Доналд Трамп.