Новата социјалистичка влада на Шпанија денеска го објави составот на кабинетот, во кој има петмина мажи и 11 жени.
Премиер Педро Санчез изјави дека по првпат откако Шпанија се врати на демократскиот систем во доцните 1970-ти, во Владата има повеќе жени отколку мажи.
Потпретседателка на новата влада, која ќе биде задолжена за обновеното Министерство за еднаквост, ќе биде Кармен Калво, експерти по уставно право и министерка за култура во периодот 2004-2007.
Надја Калвино, којa беше генерален директор за буџет на Европската комисија од 2014 година, сега е назначена за министер за економија..
Долорес Делгадо, досегашна обвинителка за антитероризам ќе биде министерка за правда, Изабел Села министерка за образование, а Магдалена Валерио ќе го предводи Министерството за труд.
За министер за одбрана е назначена Маргарита Роблес, додека Марија Хесус Монтеро ќе биде на чело на Министерството за финансии.
Жени ќе раководат и со министерствата за правда и образование.
Инженерот и првиот Шпанец во вселената, астронаутот Педро Дуке ќе биде министер за наука, а поранешниот претседател на Европскиот парламент и каталонски политичар кој се залага за единство со Шпанија Жозеп Борел е именуван за министер за надворешни работи.
Санчез го информираше кралот Фелипе Шести за имвањата пред објавувањето на новиот состав на владата, а новите министри ќе стапат на должност утре.
Санчез изјави дека неговата администрација ќе биде „напредни,модернизирачка и со Европа на ум.”
Новиот премиер вети и дека ќе започне преговори со новата влада на Каталонија, но истакна дека какво било решение ќе треба да биде во согласност со шпанскиот Устав, во кој се наведува дека земјата е „неделива”.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











