Романија има потреба од еден милион работници

140

Романија има потреба од еден милион работници, изјавил романскиот министер за финансии, Еуџен Теодорович.

Тој кажал дека околу пет милиони Романци заминале во странство, а имало и многу што работат на црно.

„Во моментот Романија има потреба од еден милион работници, што е исклучително многу“, рекол Теодорович.

Министерот додал дека некои мерки преземени од страна на властите успеале да вратат романски работници во нивната родна земја, а најмногу во градежниот сектор.

loading...