Ова е жената која сакала да го отруе Трамп: Му пратила рицин, а ја фатиле на границата со оружје

651

Против Канаѓанката Паскал Ферије, која е уапсена под сомнение дека пратила писмо со смртоносен отров рицин во Белата куќа, е поднесено обвинение за закана на американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа прв пат се појавила пред судот во Бафало, а судијата наложил да остане во федерален притвор.

Уапсена била во неделата кога се обидела да премине во Канада на граничниот премин во сојузната држава Њујорк, а во себе имала оружје.

Потсетуваме, пакетот со рицин во саботата го пресретнале органите за ред пред да дојде до Трамп.

Се наведува дека пакетот бил пратен на почетокот на минатата недела. Пресретнат бил пред да дојде до поштенската соба на Белата куќа.