Сите се тресеа од студ: Во САД се одигра најладниот меч во историјата (ВИДЕО)

225

Натпреварот меѓу Колорадо Рапидс и Портланд Тимберс влезе во историјата на американскиот фудбал, затоа што важи за најладниот дуел кој некогаш се одиграл во историјата на МЛС-лигата.

Кога судијата означи старт, температурата покажуваше -7,7 степени, што е рекорд. Досега, најладно беше во март 2017 година, кога се играше фудбалски меч во американската елита на -7,2 степени.

Како што времето одминуваше, така времето стануваше се полошо и снегот вееше посилно, но дуелот не се прекина, иако актерите се тресеа од студ. Времето беше вистинска непогода, но затоа љубителите на овој спорт уживаа во голови, затоа што мечот заврши 3-3.