На ваквиот вид алигатори многу им е тешко да опстанат во дивина. Исклучително редок пример на албино алигатор пристигнал во зоолошката градина во Илиноус на “летен одмор“.
Албино американскиот алигатор Снегулка стар е 16 години и долг преку 2 метри.
Научниците сметаат дека Снегулка е само еден од 100-те албино алигатори во светот, а само во САД живеат околу 5 милиони од овие животни.
Албино алигаторите немаат способност да создадат меланин кој им ја дава бојата на очи и кожа.
Алигаторите обично живеат по мочуришта и бари, реки и езера, но албино алигаторите имаат потешкотии да преживеат во дивина.
Нив предаторите многу полесно можат да ги забележат заради нивната кожа која исто така е многу чувствителна на сончевата светлина, а таа е круцијална за нивната телесна температура. Исто така сонцето им пречи и на нивните очи па заради тоа тешко можат да ја забележат храната и останатите предатори.
Снегулка тешко би преживеала долго во природата па заради тоа деновите ги поминува во зоолошкиот парк во Флорида, а летото ќе го помине малку посеверно.