Ова е новата мис на Србија: Има 18 години и сака да боксува

121

Сношти во Белград беше одржан „Избор за Мис на Србија 2019“ , а ова титула ја понесе атрактивната бринета Андријана Севиќ.

Андријана доаѓа од Горни Милановац и е четврта година на средното медицинско училиште во Земун.

Во слободно време се занимава со спорт и тренира бокс, а во една прилика изјави дека сака да се занимава со убавина, но и со менаџмент.

ФОТО: ПИНК.РС

„Образованието ќе го продолжам занимавјќи се со женска убавина, а освен тоа ќе запишам и на факултет за менаџмент. Тренирам и се грижам за здрав начин на исхрана, се грижам за здрав живот. Се трудам да имам редовни оброци,  богати витамини и сите потребни состојки“ вели Андријана.

ФОТО: ПИНК.РС

Таа потенцираше дека сака успешна кариера, а најголема поддршка и нејзиното семејство.

„Секако дека ми е цел да работам професија која ќе ми овозможи удобен живот. Не сакам да ги запоставам драгите луѓе и да си го скратам времето за уживање.Родителите ми даваат голема поддршка, секогаш се покрај мене и ми даваат совети. Тие ме воспитуваат да бидам среќна и чесен човек“ вели Андријана.

ФОТО: ПИНК.РС

„Голема е честа  да се носи титулата за најубава. Ви благодарам на сите на убавите зборови и честитки. Ќе се обидам да ја оправдам довербата за Мис на Србија“ вели Андријана.

ФОТО: ПИНК.РС

Превземено до Vistina.mk

loading...