Отворена дебата: Дали Југославија би победила кошаркарски натпревар против САД?

591

Европските кошаркари во НБА лигата полека се наметнуваат како главни ѕвезди. И натаму доминацијата ја имаат кошаркари како Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Стеф Кари…, меѓутоа играчите од преку океанот не заостануваат многу, а некои се дури и пред нив.

Оваа сезона во МВП трката се наоѓа Никола Јокиќ, одлична сезона има Лука Дончиќ, а во последно време блеска и Богдан Богдановиќ. Тоа ја натера шпанска „Марка“ да направи анкета и да ги запраша своите фанови дали репрезентација од екс-ју просторите би победила во натпревар со Соединетите Американски Држави.

Нивниот одговор кажува доволно колку балканските кошаркари напреднаа во изминатите неколку сезони.

Тимот на Југославија на тој меч против САД, според „Марка“ би бил: Теодосиќ, Драгиќ, Мициќ, Богдан Богдановиќ, Бојан Богдановиќ, Дончиќ, Бјелица, Јокиќ, Вучевиќ, Шариќ, Нуркиќ и Милутинов. Во составот нема кошаркар од Македонија.