СЗО: НЕМА потреба од трета доза вакцина

561

Моменталните податоци не покажуваат дека има потреба од трета доза на вакцината против коронавирус, изјави водечкиот научник на Светската здравствена организација, Сомја Саминатан.

Говорејќи за третата или таканаречена „засилувачка“ доза што се дава во богатите земји, советникот на СЗО, Брус Ајлвард, на истата прес-конференција во Женева рече дека има доволно вакцини во светот, но дека тие не се рамномерно распределени, пренесува Ројтерс.

Ајлвард рече дека прво треба да се дадат две дози на најранливите групи во светот, а дури потоа трета доза на оние кои веќе биле имунизирани со две.

Циркулацијата на делта сојот на корона вирусот е во областите каде што стапката на вакцинација е ниска, а тоа го поттикнува ширењето на вирусот, соопштија во средата претставниците на Светската здравствена организација (СЗО).

„На многу места низ светот, делта сојот на вирусот расте, дури и во земји кои имаат високо ниво на покривање со вакцинацијата на национално ниво“, рече епидемиологот Марија Ван Керхове на прес-конференцијата.