Парижани разбудени од силна детонација: Експлозија во пекара во центарот на градот! Има повредени

0
43

Рано утрово во Париз одекнала силна експлозија. При експлозијата повеќе луѓе се повредени, а од фотографиите обајвени од местото на несреќата може да се забалежи дека од пожарот бил зафатен поголем дел од зграда.

Француската полиција се огласила на официјалната Твитер страна, потврдувајќи дека е пријавена силна експлозија во деветтиот арондисман.

Полицијата соопшти дека експлозијата веројатно била предизвикана од истекување на гас во пекара во центарот на градот. Портпаролката на полицијата во Париз изјави дека пожарникарите моментно се наоѓаат на местото на експлозијата. Таа рече дека неколку лица биле повредени, но за среќа загинати нема.

Како што изјави таа засега точниот број на повредени не се знае. Голем број полицајци, како и тимови на Брзата помош се присутни на самото место, а од населението се бара да ја избегнува областа каде што се случила експлозијата.

Во Париз, како и во другите градови во Франција, зголемено е нивото на безбедносните сили поради протестите кои се одржуваат од страна на „Жолтите елеци“ , а кој се најавени и за денеска попладне.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here