Омилена земја за Балканци – плата над 5.000 евра

1109

За жителите на Западен Балкан, покрај Германија, Австрија и Швајцарија, меѓу фаворитите за земја каде би се преселиле и живееле е Данска.

 

Данска, релативно мала земја со само 5,5 милиони жители, освен што со БДП по жител од околу 50.000 долари спаѓа меѓу најбогатите земји во светот, таа редовно е и на врвот на различни истражувања за квалитетот на животот, па се перципира како едно од најдобрите места за живот.

Данска има модерна пазарна економија, напредна индустрија со водечки светски компании во фармацевтската индустрија, поморскиот транспорт, обновливи извори на енергија и високотехнолошки земјоделски сектор. Данците уживаат висок стандард на живот, имаат силни мерки за социјално осигурување – јавното здравство и образование се достапни за сите, а тука е и поддршката за невработените.

Данска е една од најдобро уредените и најстабилните држави на светот и тоа се гледа во секој поглед. Неделава беше објавено дека е земја со најмалку корупција на светот.

Животот е скап, но платите се високи. Просечната бруто плата е 5.124 евра. Даноците се високи, но поволностите се така одредени што на никого не му паѓа на памет да се побуни.

За подигнување на наталитетот, Данска исплаќа „економска помош“ за деца до 18 години, а за децата до двегодишна возраст родителите добиваат најмалку 2.500 евра годишно. До 1.500 евра добиваат родителите за децата од 15 до 18 години.

Градинките се во природа, а образованието е целосно бесплатно – од забавиште до последната година на факултет.

Ако размислувате да се преселите во Данска и таму да почнете нов живот, имајте на ум дека ова е земја каде почитувањето на законите е главен принцип на живеењето.