Управата за јавни приходи воведе новина при скенирање на фискални сметки.
Секој граѓанин со најава на својот профил на е-ПДД , има можност во новото прозорче ,,МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот,, да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ.
Граѓанинот може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е погрешно внесена, како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка.
Во меѓувреме, тече исплата на поврат на ДДВ за скенирањето на сметки во изминатите три месеци. Оваа мерка власта ја воведе со цел да се намали сивата економија.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















