ОФИЦИЈАЛНО: Грција ќе прима туристи само од 19 држави и нема потреба од корона тест

1114

Планот за рестартирање на туризмот на Грција што го презентираше министерот за туризам, Хари Теохарис, предвидува дека од 15 јуни, Грција ќе дозволи влез на туристи само од 19 држави. Тие се избрани врз основа на епидемиолошките критериуми.

Дополнително, Теохарис истакна дека за туристите кои ќе доаѓаат во Грција нема да биде потребно да прават тест за корона вирусот, ниту пак ќе бидат во карантин по пристигнувањето.

Според СКАЈ, првите туристи на кои Грција ќе им дозволи својот годишен одмор да го поминат таму се од следните 19 држави:

Кипар, Израел, Кина, Јапонија, Австралија, Норвешка, Данска, Австрија, Бугарија, Србија, Романија, Албанија, Северна Македонија, БиХ, Хрватска, Полска, Унгарија, Словачка и Чешка.