Од утрово двата блока на РЕК Битола не работат

514
Двата блока на РЕК Битола се во прекин, од утровo РЕК  не произведува струја,  според Канал 5 од извори во АД ЕСМ.

Доколку РЕК не произведува струја, Македонија презема електрична енергија од преносната мрежа за што веќе доби неколку опомени од Европската енергетска заедница.

Од ЕСМ за Канал 5 велат дека ќе информираат во текот на денот.

Пред два дена во РЕК Битола избувна пожар кој направи сериозни оштетувања на трансформаторот на блок 3, а тогаш преку соопштение изјавија дека за производство на струја нема да се користи блок 3, туку ќе се рестартира блок 2 во РЕК.

Утре комисијата предводена од министерот Бектеши ќе бара од Владата прогласување кризна состојба. Но тврди дека рестрикции не се потребни. Сепак експертите бараат надлежните веднаш да излезат со план за справување со енергетската криза.