Напаѓачот на Иран, Сардар Азмун се откажа од репрезентацијата на само 23 години. Причина за одлуката на Азмун е неговата мајка, која неодамна се опоравила од тешка болест, а сега здравјето и се влошило по навредите што ги добил нејзиниот син.
Азмун, чиј прекар е „иранскиот Меси“, постигна 23 гола во 33 натпревари за својата земја пред турнирот.
Во Русија, сепак тој не успеа да реализира гол, а тимот на Карлос Кеирош заврши трет во групата со Шпанија и Португалија.
Тој ја утврди својата одлука да се откаже да настапува за Иран како „болна“.
Во квалификациите тој имаше 11 гола во 14 дуели и одигра 90 минути во секој од трите меча на Мундијалот 2018. Меѓутоа, критиките за неговата игра довеле до разболување на неговата мајка.
– Мајка ми надмина сериозна болест и јас бев среќен. За жал, поради навредите што јас и колегите ги добивме, а воопшто не ги заслужуваме, болеста нејзина стана потешка. Тоа ме става во тешка позиција, во која треба да го изберам едното пред другото и јас ја избирам мајка ми, изјави Азмун, кој игра за Рубин Казан на клупско ниво.
Азмун направи деби за Иран на 19 години и веќе е петти на вечната листа на голгетерите откако е споредуван со фудбалската легенда Али Даи, кој има 109 гола во 149 натпревари








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












