Во Јагодина со часови го сечела по телото зошто мислела дека е љубовник на нејзиниот сопруг

667

Српската полиција уапси жена во селото Стрижило кај Јагодина под сомнение за киднапирање и мачење на наводниот љубовник на нејзиниот сопруг заедно со друг маж. Пеколниот тандем го испрашувале несреќниот човек и со нож го сечеле по раката.

Според српските медиуми, станува збор за 40-годишната Д.Ц.В., додека учесник во злосторството бил 43-годишниот Драган К.

Според извор близок на истрагата, осомничената и нејзиниот партнер во злосторството го пресретнале љубовникот на нејзиниот сопруг и го однеле во нејзината куќа, каде се случила тортура, која е снимана со мобилен телефон.

Видеото објавено на социјалните мрежи покажува како киднапиран човек седи на каучот и плаче, а покрај него наводно е Драган К., додека лудата жена на романски јазик го испрашува со висок глас. Потоа, зема остар предмет и му приоѓа.

Признај колку пати си имал секс со Муом (името или прекарот на нејзиниот сопруг). Признај колку !, извикала жената, додека несреќниот човек и рекол дека никогаш немал сексуални односи со нејзиниот сопруг.

Потоа го прободела неколку пати во раката и го повредила, додека тој седел на каучот без отпор и стенкал од болка.

Во тој момент, Драган К., кој седел до него, ладнокрвно рекол: „Не е срамота да умре“.

Д.Ц.В. според „Вечерње новости“, го испрашувала несреќниот човек неколку часа. Според весникот, откако сопругата го повредила, мажот признал дека тој е љубовник на нејзиниот сопруг.

Бесната жена потоа повторно му се развикала.

– Признај како го испивте мајчиното млеко, сега да признаеш детално каде сте се сексале, но и колку пати … “, по што снимањето е прекинато.

По ужасната тортура, човекот бил преврзан на повредена рака и го пуштиле. Откако бил ослободен, мажот отишол во полиција и го пријавил случајот.

На тандемот од пеколот му беше одреден притвор од 30 дена.