Двајца непознати сторители кои биле на мотоцикл фрлиле молотов коктел кон автомобил „пасат“ кој со шлеп-служба бил носен на вештачење во МВР.
Според пријавата во полиција, инцидентот се случил вчера на булеварот „Александар Македонски“, за време на транспортот на возилото со словачка регистрација.
По стореното злодело, сторителите го напуштиле местото на настанот.
Во инцидентот возилото било делумно оштетено, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















