Јас не сум „македонски“, јас сум министер на Северна Македонија

155
-Извинете, jас не сум „македонски“, јас сум министер на Северна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец, одговорил министерот Крешник Бектеши на прашање на новинар од Албанија при посетата на Тирана.

При посетата на Албанија на македонскиот министерот за економија Крешник Бектеши новинарка му се обрати со зборовите „македонски министер“, по што тој ј веднаш реагирал и одговорил.

Новинарката: Имав прашање до македонскиот министер…

Бектеши: Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец.

Ова е уште една непријатна случка од посетата на министерот Бектеши на Албанија, претходно тој беше пречекан само со албански знамиња, без да биде истакнатот македонското државно, односно на државата која ја преставува и чиј министер е.