Полицијата го расчистува инцидентот, кој вчера околу пладне се случил пред Собранието, а во кој жена го искршила ветробранското стакло на службениот автомобил во кој се вози првиот потпретеседател на владата, Артан Груби.
Според министерството за внатрешни работи, станува збор за 38-годишна жена. Која веднаш по инцидентот била приведена во полициска станица.
Околу 12:00 часот пред Собрание од страна на В. Ј. било скршено предното ветробранско стакло од ПМВ пасат сопственост на Влада на Македонија. Од страна на полициски службеници лицето е приведено во Полициската станица во Центар. Се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР.
Во инцидентот нема повредени, а не се познати ниту мотивите на жената.













![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















