Од Кабинетот на Ципрас бараат одговори од Мицотакис околу тврдењата дека го размениле „скопското прашање“ за пензиите

103

Тврдењето на лидерот на Нова демократија дека грчката влада се пазарела и „го разменила скопското прашање за да нема кратења на пензиите“, денеска го коментираат од Кабинетот на грчкиот премиер и бараат од Мицотакис, доколку навистина го мисли она што го кажал, да излезе со докази и податоци, јави дописничката на МИА од Атина.

-Вчера господинот Мицотакис имаше храброст да обвини дека премиерот ја продаде Македонија за да не се скратат пензиите. Бидејќи не сме сигурни дали разбра што кажа, го повикуваме да го повлече кажаното и да се извини или да им даде податоци и имиња на грчкиот народ и на меѓународната заедница. Кои се европските лидери што учествуваа во размената со премиерот за едно толку критично национално прашање?, коментираат од Кабинетот на Ципрас и додаваат дека очекуваат Мицотакис, веднаш да одговори.

loading...