Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош и селото Ајватовци утре ќе останат без електрична енергија.
Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, информира дека утре од 08:30 до 11 часот без струја ќе бидат жителите на улиците „Марко Орешковиќ“ и „Димо Хаџи Димов“ од број 105 до 126 во општина Кисела Вода.
Во периодот од 09:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селото Ајватовци, односно улицата бр. 4 и делот кон манастирот, додека од 9 до 12 часот, дел од жителите од улицата „Христо Батанџиев“ број 51 во општина Ѓорче Петров.
Без струја во периодот од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците од улицата „Разловечко Востание“ во општина Карпош.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












