Ѕвездата на “Game of Thrones”, Кит Харингтон, се наоѓа на рехабилитација откако беше емитувана последната епизода од хит-серијалот на “HBO” во кој тој го толкуваше ликот на Џон Сноу.
“Кит одлучи да ја искористи паузата во својот работен распоред како прилика да се повлече на одредено време и да поработи на решавање на некои лични проблеми”, стои во соопштението.
Благодарение на “Game of Thrones” во која го играше Сноу чии потези во последната епизода беа најголемо изненадување за целата серија, целосниот анонимус Харингтон стана планетарно познат.

Додека во соопштението не се наведуваат причините за неговата криза, “The New York Post” објави дека актерот тешко го погодило завршувањето на работата на серијата и дека се наоѓа на рехабилитација поради стрес, исцрпеност и проблеми со алкохолот.
Во интервју за “Variety” во март оваа година, актерот изјави дека во почетокот тешко се справувал со славата и “застрашувачкото” внимание кое му го донела серијата.
“Кога станувате главен во ТВ серијата, која тогаш е на самиот врв, а фокусот е на вас, тоа е застрашувачки”, истакнал Кит и додал дека морал да се чувствува како најсреќната личност на светот иако во реалноста се чувствувал многу ранливо.
Последната епизода од “Game of Thrones” беше емитувана 19-ти мај и само во САД привлече рекордни 19,3 милиони гледачи.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

