Облак со пепел од половина километар: Се активираше индонезискиот вулкан Анак Кракатау

619

Вулканот во Индонезија еруптираше ноќеска, а огромен облак со чад се подигна на висина од 500 метри, соопштија од индонезиската управа за вулкани.

Степенот на аларм поради вулканот кој се наоѓа помеѓу Јава и Суматра останува на трето највисоко ниво. Во ерупцијата пред две години, истиот вулкан предизвика цунами во кое животот го загубија 430 лица, а илјадници беа повредени.

Островот Анак Кракатау е создаден после големата ерупција на вулканот Кракатау во август 1883-та година. Ерупцијата била толку силна што во морето потонал постоечкиот остров, а 35 илјади луѓе загинале.

Морето помеѓу Јава и Суматра, како и остатокот на Индонезија се наоѓаат на таканаречениот пацифички Огнен прстен, геолошки најактивното подрачје на Земјата со чести ерупции и земјотреси.