Објавена листата на најубави плажи, три се во нашето соседство

58

Корисниците на порталот “Trip Advisor” ги одбрале најубавите плажи на светот, а дури три од оваа листа се наоѓаат во нашето соседство, односно во Грција.

Иако многу од нашите читатели нема да можат да ги посетат оваа година, листата и натаму може да пружи инспирација за времето кога светот ќе се врати во нормала.

Од плажите кои “ни се на дофат”, Клефтико на Милос го заземала 10-тото место, плажата Елафониси на Крит го заземала 21-вото место, а плажата Балос на истиот остров се нашла на 24-тото место според изборот на горенаведениот портал.

“Trip Advisor” секоја година на основа на рецензиите и оцените на патниците објавува листа од “Најдобри плажи”.

Листата на 25-те најубави свески плажи изгледа вака:

Баја до Данчо, Бразил

Грејс Беј Бич, Туркс и Каикос

Плаја Параисо, Куба

Спиаџа дел Кониљи, Италија

Праињас до Понтал до Аталаја, Бразил

Севн Мајл Бич, Кајмански острови

Игл Бич, Аруба

Фламенко Бич, Порторико

Варадеро, Куба

Клефтико, Грција

Сиеста Бич, Флорида

Радхагар Бич, остров Никобар

Ласкентајр, Британски острови

Плаја де Сес Илетес, Балеарски острови

Ла Конча Бич, Шпанија

Сеинт Пит Бич, Флорида

Плакса Норте, Мексико

Махо Беи, Девствени острови

Баваро, Доминиканска Република

Вулакомб, Велика Британија

Елафониси, Грција

Вајтхевн, Австралија

Кала Мариолу, Италија

Балос Лагуна, Грција

Блек Сенд Бич, Исланд